Градежни активности за реконструкција се одвиваат на улицата „Радушка“ во делот од од последната автобуска станица на линијата со број „5 “ до гробиштата, во должина од 490 метри.
-По долгогодишни барања од граѓаните, освен што во овој дел на Ѓорче Петров поставивме нова фекална и атмосферска канализација, на оваа улица работевме и на реконструкција на краци, како и на поставување нови тротоари – информираше градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.
Тој додаде дека граѓаните од Дексион долги години упатувале барања до Општина Ѓорче Петров за санација и репарација на ул.„Радушка“ онаму каде што тоа било неопходно.
-Ние веднаш одговоривме на нивните барања и излеговме на терен. Точно е дека имаше итна и неодложна потреба за интервенција и токму затоа се уште сме на терен на „Радушка“ – истакна Стојкоски.
Проектот за реконструкција на патот од последна „5 “ до гробиштата кој е во соработка со Министерството за транспорт и врски е во вредност од 17.400.000 денари.