Од јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ (ЈСП) известуваат дека за време на божиќните празници, односно на 6, 7 и 8 јануари (сабота, недела и понеделник), јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред, а веќе од вторник ќе продолжат да сообраќаат вообичаено, по редуциран делничен зимен возен ред кој важи до крајот на зимскиот училиштен распуст.
– В недела за сите билетарниците и центри за персонализација ќе биде неработен ден, а на 6 и 8 јануари (сабота и понеделник) дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров – информираат од ЈСП.
Од вторник сите продажни места ќе продолжат да функционираат со вообичаено работно време.
Жичницата сите денови ќе работи од 10 до 17 часот.