London Escorts sunderland escorts
Дома LIFE Џулија Ормонд го обвини Вајнстин за сексуално вознемирување

Џулија Ормонд го обвини Вајнстин за сексуално вознемирување

111
EPA/MOHAMED OMAR

Британската актерка Џулија Ормонд, која глумеше во филмови во 1990-тите заедно со големи имиња како Бред Пит и Харисон Форд, поднесе тужба против филмскиот продуцент Харви Вајнстин, тврдејќи дека тој сексуално ја нападнал во 1995 година, аа потоа ѝ нанел штета на кариерата, пренесе АП.

Ормонд, која исто така ги обвинува компанијата Волт Дизни, Мирамакс и нејзините поранешни американски агенти дека знаеле оти Вајнстин е напасник и опасност за жените, но не направиле ништо во врска со тоа. Глумицата во својата тужба тврди дека била „ѕвезда во подем“ кога го запознала Вајнстин во 1994 година.

Поранешниот продуцент е веќе осуден сексуален напасник кој издржува затворски казни за повеќе дела.

Ормонд ја поднесе тужбата до државниот Врховен суд во њујоршката општина Менхетн, според Законот донесен лани во САД. којшто им овозможува на можните жртви на сексуален напад во минатото да поднесат обвинение, дури и ако вообичаениот временски рок за тоа во дадената сојузна држава е поминат.