Џошуа му понуди 56 милиони евра на Фјури за борба на „Вембли“ 

117

Британскиот боксер Ентони Џошуа го сака својот сонародник Тајсон Фјури за противник во борбата на Вембли, на 13. април годинава. Џошуа, моментно е во проблеми, бидејќи до борбата остануваат само три месеци, а промотерите би сакале да почнат со продажба на билети. Но, тоа не е возможно, бидејќи британскиот боксер се уште нема противник.

Договорот со Деонтеј Вајлдер не беше успешен, а на Фјури му е понудено 40 проценти од заработувачката, нешто повеќе од 56 милиони евра.

  • Фјури можеш да се бориш на 13. април, ги знаеш условите. Не е далеку од поделба по половина, истото му го понудивме и на Вајлдер. На навивачите мора да им биде јасно дека не вистина дека Џошуа не сака борба, изјави еден од промотерите на Британецот.

Меѓутоа, Фјури не е задоволен од понуденото и сака да го поделат профитото 50 – 50.

  • Се надевам дека ќе се борам со него во Америка или Англија. Би сакал да се борам дома во април, можеби во Манчестер или некаде на Островот. Потоа веднаш би се борел со Вајлдер, изјави Џошуа, на кого му е тешко да се договори борба со овие двајца, а доколку не успее во тоа тогаш ќе треба да се согласи на меч со противник кој не може да го наполни „Вембли“.