Џорџ Клуни во интервју за „Deadline“ зборуваше за својот долгогодишен пријател Метју Пери и неговата прерана и трагична смрт.
Актерот и режисер открија дека Пери, кој имал 54 години во моментот на неговата трагична смрт, го познавал од 16-годишна возраст и дека биле пријатели долги години.
Тој исто така призна дека серијата „Пријатели“ не му донела на Пери радост, среќа или мир.
„Тој не беше среќен. Тоа не му донесе радост, среќа или мир“, рече Клуни за време на интервјуто, додавајќи дека влегувањето во ситком буквално му бил најголемиот сон.
„Го познавав Мет кога имаше 16 години. Заедно игравме падел тенис. Тој е помлад од мене околу 10 години“, рекол Клуни и додал:
„Тој беше дете и сè што ќе ни кажеше, мислам на мене, Ричард Кинд и Грант Хеслоу, беше, само сакам да се влезам на ситком, човеку. Само сакам да бидам во обичен ситком и би бил најсреќниот човек на светот. И тој веројатно беше еден од најдобрите досега“, рече Клуни.
Клуни и Пери станаа познати во исто време. „Ургентен центар“ на Џорџ и „Пријатели“ на Метју дебитираа во 1994 година, а двете серии се емитуваа во четвртокот навечер.
„И гледајќи како тоа се случува на теренот – бевме во Ворнер брадерс, бевме таму еден до друг – беше тешко да се гледа бидејќи не знаевме што се случува низ него“, призна Клуни и додаде:
„Едноставно знаевме дека не е среќен и немав поим што прави… 12 Викодина дневно и сите работи за кои зборуваше, сите овие нешта кои го кршат срцето“, додаде Клуни, мислејќи на книгата на Пери.
„И исто така само ви кажува дека успехот и парите и сите тие работи не ви носат среќа. Мора да бидете задоволни со себе и со својот живот“, изјави Клуни.
Следната година ќе биде 30-годишнината и на „Пријатели“ и на „Ургентен центар“, пишува Дејли Мејл.