Џорџина откри досега непознати детали за Роналдо

140
epa10210490 Portugal's Cristiano Ronaldo reacts during the UEFA Nations League soccer match between Portugal and Spain at the Municipal stadium in Braga, Portugal, 27 September 2022. EPA-EFE/HUGO DELGADO

Звучи неверојатно, но на Светското првенство во 2022 година, Кристијано Роналдо беше единствениот играч без клуб.

Непосредно пред патувањето во Катар, Кристијано Роналдо го раскина договорот со Манчестер Јунајтед по неколкуте инциденти со менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг.

Славниот Португалец потоа замина во Саудиска Арабија и потпиша за Ал-Наср, а тоа беше како тригер за заминување на се повеќе ѕвезди во оваа земја.

Иако тој веќе беше, фудбалски кажано, во поодминати години, заминувањето на Роналдо од Европа изненади многумина, бидејќи се очекуваше да најде клуб кој игра во Лигата на шампионите.

Но, имаше и такви на кои олесна. Една од нив е и партнерката на Кристијано, Џорџина Родригез, која откри нови детали во последната сезона од серијата „Јас сум Џорџина“ на Нетфликс.

„Кога Кристијано ми кажа дека ќе игра за Ал-Наср, ми олесна. Затоа што навистина сакав да го напуштам Манчестер“, рече таа.

Иако за многумина ваквиот потег и промена би бил многу стресен, за најпознатиот пар на светот тоа било само нов убав предизвик:

„Знаев дека нешто големо е во нашата иднина. Бевме многу возбудени што одиме во Саудиска Арабија“, додаде Џорџина.

Прилагодувањето на животот во Саудиска Арабија на почетокот беше голем предизвик за семејството, а извештаите сугерираа дека Џорџина размислувала да се врати во Мадрид.

Сепак, на крајот сите се прилагодија на се затоа што договорот на Кристијано Роналдо од 200 милиони долари е секако нешто што не може да се одбие.

Да потсетиме и дека Џорџина го пофали Манчестер во 2022 година: „Доброто е што живееме поблиску до училиштето на нашите деца. Во Италија живеевме подалеку и во моментов го живеам мојот сон“.