Шефот на НБА тимот Шарлот Хорнетс, Мајкл Џордан загуби потенцијални 500 милиони долари за само три секунди, откако неговиот клуб не успеа да го добие францускиот кошаркар Виктор Вембањам (19) на НБА драфтот.

Сан Антонио Спарс излегоа како добитници на овогодинешната НБА лотарија и со тоа се стекнаа со правото на првиот пик на драфтот.

Се упатува на тоа дека ќе изберат исклучително талентиран центар со висина од 220 сантиметри, кој не само што е одличен под кошот, туку и исклучително креативен во играта. Шарлот Хорнетс беше еден од двата клуба кои имаа можност да го ангажираат Французинот. За жал за Џордан, како и со купувањето на тимот во 2010 година, среќата не беше на страната на Хорнетс.

Неуспехот да се се драфтува Вембањам не само што сигурно ги намали опциите за зајакнување на тимот, туку влијаеше и на нивната нето вредност. Според ESPN, секој тим што ќе го потпише младиот Французин веднаш би ја зголемил вредноста на франшизата за 497 милиони долари.

Хорнетс мораа да се задоволат со вториот пик, кој најверојатно ќе биде Скут Хендерсон. Вембањам е играч на францускиот Метрополитен, најдобар стрелец (21,8 поени), скокач (10,3) и блокатор (3,0) во француската лига, а на Американците им се претстави со одличните партии во Лас Вегас.