Џонсон: Никој не очекува Бајден да биде на кокаин за време на дебатата

289

Претседателот на Претставничкиот дом на САД, Мајк Џонсон изјави дека никој не очекува американскиот претседател Џозеф Бајден да биде „на кокаин“ за време на вечерашната дебата со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп и дека е поверојатно тој да биде на „енергетски пијалоци или нешто слично“.

Ова беше негов одговор на прашањето на Си-Ен-Ен за неодамнешната изјава на Трамп дека Бајден ќе биде „толку напумпан“ на дебатата, алудирајќи на вреќата со кокаин пронајдена во Белата куќа минатата година и додаде дека има работи што се кажуваат на шега.

Џонсон истакна дека мисли дека јавноста може да очекува Бајден да зборува на исто високо ниво на способност на дебатата како што тоа го направи во неговото обраќање до нацијата во Конгресот претходно оваа година.