Џонатан Музик преку ноќ стана интернет сензација

96

Велат дека тој е вистинска инспирација. Џонатан Музик е млад човек кој жестоко сака да ослабне до ниво каде што може нормално да учествува во секојдневните задачи. Неговата приказна за пожртвуваноста, упорност и напорот да изгуби неколку килограми заврши на Sport Bible Australia. Неговото патување е приказна за инспирација за многумина…

„Преку ноќ стана интернет сензација. Неговите следбеници на Инстаграм и воопшто на социјалните мрежи не можат да престанат да го гледаат неговиот боксерски тренинг, мотивационите видеа и видеата кои го прикажуваат неговиот фитнес напредок како и неговото слабеење“, вели овој познат спортски медиуми во својот вовед. Јохантан Музик раскажува како дошло до сето тоа во една ситуација во која го изгубил видот. Јохантан, всушност, не можел сам да си ги врзе тениските копачки, па го прашал својот пријател. Во тој момент сите гледаа во него…

“Тоа ме вознемируваше психички, бидејќи моите соништа беа секогаш да бидам или професионален тренер или боксер, а животот ми одеше во сосема поинаква насока. Не можев повеќе да го издржам срамот. Си реков дека сакам да го сменам тоа, затоа што моите соништа не се остваруваа. Отидов во сосема друга насока, а потоа почнав да тренирам фитнес бокс таму во 2008 – 2009 година. Се заљубив веднаш по првиот тренинг. Ментално станав позитивен и мотивиран да го постигнам мојата цел, како и физички, се чувствував многу подобро. Се трансформирав во личност со поголема самодоверба. Сам ќе го правам тоа со менталитетот, не ми е гајле што некој ќе каже и што мисли. Изгубив вкупно 70 килограми“.

После тоа целосно експлодираше. Беше толку мотивиран и возбуден што отвори своја бокс – фитнес теретана и велнес центар. За жал, после тоа ги загубил таткото и братот и поради тоа се вратил на старата тежина, тоа го вознемирило, го исфрлило од рамнотежа. Падна во депресија, почна повторно да се дебелее…

„Боксот беше моето бегство од депресијата“, додаде Џонатан Музик, кој дури неодамна дозна дека мајка му има рак на белите дробови, па сака да ја направи горда со боксот и спортот воопшто. Тука е и таа бројка, проклетата бројка на килограми што постојано го следи…

„Очигледно дека повторно ослабев, но сепак треба да изгубам многу килограми. Моментално имам 206 килограми. Кога почнав да тренирам тогаш, имав 217. Би сакал што побрзо да се симнам на 136 .