Џеј Ло спремна да го „одере“ Бен на суд: Пејачката бесна поради неговиот потег, направи таа да изгледа јадно

992

Пејачката и актерка Џенифер Лопез пред неколку дена поднесе барање за развод од актерот Бен Афлек, по само две години брак.

На идиличната приказна и дојде крајот по серијата обиди за помирување, а како што пишуваат светските медиуми причина за тоа била неговата одлука да ја прослави втората годишнина од бракот со поранешната сопруга Џенифер Гарнер. Непосредно пред тоа го пропушти роденденот на Џенифер поради истата причина.

– Џеј Ло вети дека ќе го натера Бен да се срами на денот кога решил дека изгледа како шупа! – изјави ексклузивно инсајдер на магазинот „Ин тач“.

По неколкумесечни „гласини“, Џенифер Лопез поднесе барање за развод на втората годишнина од бракот со актерот. „ТМЗ“ пренесува дека немаат потпишано предбрачен договор, и дека прашање е како ќе го поделат имотот.

Со месеци се шпекулира дека парот не е во добри односи, бидејќи Џенифер и Бен не се појавуваат заедно во јавноста. Ниту еден од нив не сакаше да ги коментира овие наводи, но сега тоа е потврдено – ова ќе биде четврти развод на Џенифер, а на Бен втор.

Бен Афлек во последно време е гледан во јавноста исклучиво во друштво на Џенифер Гарнер со која има три деца.

Бен Афлек и Џенифер Гарнер беа официјално во брак од 2005 до 2018 година, а се разделија во 2015 година. Актерот имал проблеми со алкохолизмот за време на бракот, првпат побарал помош во 2001 година. Лекувањето продолжило во 2008, 2017 и 2018 година по разводот.

Афлек во 2020 година призна дека неговите проблеми со пиењето влијаеле на нивниот брак, бидејќи тој пиел се повеќе и повеќе додека нивната заедница се распаѓала, што довело до дополнителни проблеми во нивната врска.