Џејсон Деруло: Македонијо, те чекам на 2 Август, во Охрид

34

Џејсон Деруло, предизвика вистинска еуфорија на социјалните мрежи откако објави видео на својот инстаграм-профил, во кое лично ги поканува своите обожаватели на својот претстоен концерт на 2 Август, во Охрид, на „Билјанини Извори“. Она што го привлече вниманието на јавноста е неговата порака, во која топло ја споменува Македонија.

Со своите препознатливи шарм и енергија, Деруло во видеото ги поканува обожавателите со зборовите: „Македонијо, те чекам на 2 Август, на најдобрата забава на светот, со најдобрите танчари и музичари. Се гледаме!“.

За кратко време, објавата стана вистински хит, собирајќи илјадници лајкови и коментари од неговите следачи ширум светот, а особено од оние што со нетрпение го очекуваат спектаклот на македонската сцена.

Интересот за претстојниот концерт на Џејсон Деруло во Охрид ги надмина сите очекувања. Уште од првиот ден, продажбата на билети урива рекорди.

– За помалку од 24 часа, повеќе од 1.000 билети веќе се во рацете на најголемите обожаватели, а тоа е уште една потврда дека ова ќе биде еден од најочекуваните настани на годината – велат организаторите.