„Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, согласно законските обврски, денеска (8.2.2019) во 18:00 часот ќе го потпише решението за распишување на претседателските избори.
Потпишувањето ќе биде во Кабинетот на претседателот.
Веднаш по потпишувањето на решението, претседателот Талат Џафери ќе даде изјава за медиуми“, се вели во соопштението од Собранието.