Џамчето на Миленко Неделковски ги испровоцира Комитите!

313

Малцинскиот акционер во најтрофејниот македонски фудбалски клуб, Вардар, здружението ,,35 години Вардарци Скопје” организираше вонредна прес-конференција на која јавноста беше информирана за последните случувања во „црвено-црниот“ табор.

Иако во изминатите неколку месеци се случија големи промени, клубот доби нов сопственик, има нов извршен директор, борд да директори… јавност само благодарение на малцинскиот акционер дозна дека голем удел во „воскреснувањето“ на ФК Вардар има Владата на Република Македонија.

Преставникот на здружението ,,35 години Вардарци Скопје”, Милорад Миленковски, по инсистирање на Владата на РМ здржението ги предаде акциите на новиот сопственик, Атила Бижан Жалили, кој пак побарал, новинарот Миленко Неделковски да биде именуван за извршен директор.

-Мислам дека на 10 јуни бевме повикани на состанок од преставниците на Владата на РМ. Ни беше кажано дека има лице кое е заинтересирано да биде сопственик, инвеститор во ФК Вардар. Потоа ни беше кажано дека треба да ги предадиме акциите. Атила не беше присутен на состанокот, имаше лице на кое му дал полномошно да присуствува и да одлучува. Инвеститорот побара лицето Миленко Неделковски да биде именуван за извршен директор. На 30. јуни, свесни за ризикот дека клубот може да пропадне, подадовме рака и на инвеститорот и на Миленко. 85% од акциите се сопственост на Атила, а 15% на здржението. Потоа договорот беше заверен на норат и од 11.11 беше одржано извршното собрание. Има пет члена во бордот на директори. Едено лиде е извршен директор, а тоа е Миленко Неделковски и четири кои не се извршни. Меѓу тие четири е и преставникот на здружението ,,35 години Вардарци Скопје”.

Миленковски не крие дека најверните фанови се разочарани од нетранспарентноста на новата структура како и од извршниот директор, а додаде дека сите директори, како и сопственикот биле уредно поканети да бидат дел од прес-конференцијата.

-Нашата визија е јасна, Вардар треба да обединува, а не да дели. Немаме потреба од некој кој политизира, некој кој е 100% посветен на Вардар. Каква порака Миленко Неделковски испраќа со статусите на Фејсбук? За таа со зеленото џамче можам да му кажам дека јас знам што имам меѓу нозе, а тој ако сака нешто да каже зошто тогаш не дојде на прес-конференцијата? Не сакаме стреотипи, ние сме жрвти на стереотипите. Владата на РМ, предводена од шефот на кабинетот на премиерот Христијан Мицковски, Владимр Нелоски, гарантираше се ќе биде како што треба, се што е ветено ќе биде исполнето. Ќе бараме од Владата на РМ да се исполни се што беше договорено, сите договорени точки. Колку што јас знам Вардар има долг од 2.5 мил. евра и има долг околу имотот. Се знаедно е долг од околу 7 мил. евра. Владата на РМ е гарант на договорот, нивната репутација зависи од тоа каква ќе биде иднината на Вардар. Јас верувам дека се ќе биде спороведено. Слушнав дека долгот ќе биде вратен и во следниот период ќе биде одблокирана сметката. За сите други работи околу клубот одговор може да даде Миленко Неделковски, додаде Милорад Миленковски.