Вкусен и едноставен рецепт кој може да ви биде одлична идеја веќе за утрешниот ручек. Подгответе ги овие вкусни мали ќофтенца од мисиркино месо и тиквичка и нема да се покаете

Потребно е:
1 помала главица кромид
400 г мелено мисиркино месо
1 јајце
1/2 лажичка сол
малку црн пипер
средна тиквичка
2-3 лажици лебни трошки
уште малку лебни трошки за валкање на ќофтенцата
масло за пржење

Подготовка:
– Исечкајте го кромидот што поситно, а тиквичката излупете ја и изрендајте ја на крупно ренде.

– Во еден сад ставете ги месото, јајцето, кромидот, лебните трошки и изренданата тиквичка. На крај додадете и сол и црн пипер. Со рака убаво замесете ги состојките за да се соединат.

– Од оваа смеса обликувајте мали топчиња, кои потоа ќе ги увалкате во лебни трошки.

– Ќофтенцата пржете ги во врело масло додека убаво не поруменат од сите страни.

– Пржените ќофтенца ставете ги во чинија на кујнска хартија за да се впие вишокот маснотија.

Идеја: Овие вкусни ќофтенца можете да ги послужите со кус-кус или, пак, некој обарен зеленчук.