Ќе успее ли Мицкоски да го спречи зголемувањето на цената на струјата!?

Предлог-закон за дополнување на Законот за енергетика во собраниска процедура

382

Предлог-законот за дополнување на Законот за енергетиката од денеска по скратена постапка е во собраниска процедура. Минатата недела премиерот Христијан Мицкоски, пред неговиот избор за прв човек на Владата, заедно со пратениците Бојан Стојановски, Тони Јаревски и Марија Митевска, од ВМРО-ДПМНЕ, ги поднесоа измените за да се спречи зголемување на цените на струјата, кое се очекува од 1 јули годинава. Законските измени во прво треба да поминат пред  матичната комисија, а доцна попладне и на пленарната седница. Со овие законски измени треба во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Премиерот Мицкоски укажува дека како Влада имаат одговорност пред граѓаните, тие се нивниот приоритет

 

 

 

Предлог-законот за дополнување на Законот за енергетиката, од денеска, по скратена постапка е во собраниска процедура. Минатата недела премиерот Христијан Мицкоски, пред неговиот избор за прв човек на Владата, заедно со пратениците Бојан Стојановски, Тони Јаревски и Марија Митевска од ВМРО-ДПМНЕ ги поднесоа измените за да се спречи зголемување на цените на струјата, кое се очекува од 1 јули годинава. Законските измени во текот на денот прво поминаа пред  матичната комисија, а доцна попладне ќе се најдот и на пленарната седница.

Со овие законски измени треба во наредните шест месеци да се спречи нагорен тренд на цената на струјата, а од јануари 2025 година да се намали цената на електричната енергија и за домаќинствата и за индустријата. Премиерот Мицкоски укажува дека како Влада имаат одговорност пред граѓаните, тие се нивниот приоритет. Истовремено законското решение треба да обезбеди  сигурно, безбедно и континуирано снабдување со електрична енергија.

-Тоа е предлог-закон со кој нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинството, односно стандардот на граѓаните ќе биде заштитен. А со овој предлог-закон нема да се дозволи она што проструи изминативе денови во јавноста како информација да биде драматично зголемена цената на електричната енергија. Цениме дека со овој предлог-закон за дополнување на Законот за енергетиката по скратена постапка, особено домаќинствата што се во првата и втората група нема да добијат зголемени сметки за електрична енергија. А исто така очекуваме и оние што влегуваат и во третата и четвртата група, зголемувањето на цената на електричната енергија да не биде значително, односно да се движи помеѓу 1 и  %. Тоа е она што ние како влада можеме да го направиме – објаснува премиерот Мицкоски.

Со измените исто така нема да има зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата кои добиваат електрична енергија од универзалниот снабдувач,а со неговите  измени ќе се реализира намалувањето на маржата од 11,5% на 9,9 проценти. Универзалниот снабдувач треба да направи оптимизација на своето портфолио, односно оптимизација на количествата на електрична енергија, тогаш  граѓаните нема да добијат повисоки сметки за електрична енергија.

-Ние сме влада која е одговорна, ние сакаме да бидеме влада која што главен интерес ќе биде интересот на граѓаните,  така ќе продолжиме во иднина. А ќе сториме сè што е во наша моќ во овие шест месеци да го реорганизираме енергетскиот сектор во Македонија и веќе во следниот регулационен период од 1 јануари 2025 до 30 јуни 2025 година граѓаните да добијат поевтини сметки за електрична енергија, индустријата да добие, онаа  што е на регулираниот пазар, поевтини сметки за електрична енергија – објасни Мицкоски.

Според него, на овој начин инфлацијата ќе биде задушена, односно цените наместо да се качуваат, ќе се намалуваат.

– Упатувам порака до универзалниот снабдувач да врши многу внимателно оптимизација на своите потреби односно при набавката на електричната енергија да се води најпрво од интересите на граѓаните, а потоа да направи вистинска оптимизација на своето портфолио кое што понатаму ќе го испорача кон граѓаните да не набавува количини на електрична енергија кои што нема да бидат потребни, туку да се држи до пристапот којшто ќе биде чесен, одговорен и пред се инспиративен за граѓаните – укажува Мицкоски.

Инаку, цената на  електричната енергија  се формира како збир од четири ставки. Тоа е цената која за своите услуги ја наплаќа МЕПСО, цената која за своите услуги ја наплаќа ЕВН Дистрибуција, цената која за своите услуги ја наплаќа ги наплаќа операторот на пазар МЕМО, плус цената на самата електрична енергија.

Претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Марко Бислимоски, во својата последна изјава што ја даде деновиве не одговори конкретно дали се ова реалистични бројки за кои зборува Мицкоски, но вели дека ќе се направи напор за да нема ценовни шокови. Според него, цената на електричната енергија нема да се зголеми за првиот и вториот блок, додека за третата и четвртата тарифна група зголемувањето ќе биде  минимално од 1 до 2 проценти.

– Ги немаме добиено точните бројки од „ЕВН хоум“ да ги видам каква е структурата на потрошувачка по блоковите за домаќинства. Ќе направиме напор да не предизвикуваме ценовни шокови. Јас знам дека не секогаш некој ќе прифати зголемување од 9%, 9 и пол, затоа правиме напори да го стабилизираме сето тоа во наредниот период, рече Бислимоски.

Според првиот човек на РКЕ, зголемување на цената од 1 отсто не би претставувало проблем за домаќинствата,туку тоа би било во рамки на „ценовниот тренд“. Тој потсети дека е обновена лиценцата на универзалниот снабдувач

(В.Ма.)