Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ по тешка борба во четири сета обезбеди пласман во полуфиналето на Австралија Опен. Тој во четири сета го победи Американецот Тејлор Фриц со  7:6, 4:6, 6:2, 6:3, а неколку минути по натпреварот тој им се обрати на навивачите од теренот, а интервјуто го водеше австралискиот тенисер Ник Кирјос.

– Никогаш не мислев дека ќе бидам тука… – рече Австралиецот.

– Добро е што те видов, убаво изгледаш во кабината, но и овде. Се надевам дека ќе те видиме наскоро со рекетот во рака. Ајде луѓе, поддржете го Ник – побара Ѓоковиќ аплауз за својот пријател.

Во текот на натпреварот интересно беше да се види комуникацијата на Србинот и Кирјос, кој подолго време не е на теренот поради повреда.

– Многу страдав во првите два сета, играше добро, добро сервираше и стоеше блиску до основната линија, не ми даваше да дишам и тешко наоѓав ритам. Сонцето беше силно, бевме уморни, исцрпени, аплаузи и за Фриц, тој играше фантастичен тенис.

Во еден момент Ѓоковиќ имаше 15 брејк шанси, но ниту една не беше искористена.

– Ми се чинеше како да играм против твојот сервис Ник. Знаеме дека имаш еден од најдобрите сервиси во светот. Знаете дека е проблем кога играте против теисер кој има сервис како Ник, а Фриц исто така има одличен сервис. На крајот успева да ја подигнам играта на повисико ниво и да направам брејк во третиот и четвртиот сет. И јас сервирав добро, на крајот имав повеќе асови што е изненадувачки.

Новак во борбата за финалето ќе игра против Андреј Рубљев или Јаник Синер.

– Различни играчи, но и двајцата се во одлична форма. Рубљев блесна против Де Минор, имаше неверојатни размени. Синер го игра тенисот на својот живот, имавме неизвесни натпревари, но сега јас и ти ќе земеме пуканки и ќе уживаме во натпреварот.

На крајот Кирјос го праша Србинот за дрвото во ботаничката градина во Мелбурн за кое зборуваше пред почетокот на турнирот.

– Ќе ти покажам за кое дрво се работи, но никому не смееш да кажеш. Ги соблекуваш патиките, се качуваш на највисоката гранка и висиш наопаку 33 минути и три секунди. Тогаш ќе победиш на грен слем турнир – рече Ѓоковиќ и ја насмеа публиката.