Општина Валандово распиша оглас за прибирање понуди за уредување на паркот на градскиот плоштад во близина на пензионерскиот дом. Се планира поставување метални рамки на патеката која води од пензионерскиот дом до споменикот, целосно реставрирање, боење и осветлување на телефонската говорница во центарот на градот и поставување дрвени жардиниери на постојните липи и борови, кои исто така ќе бидат осветлени.
Искршените клупи ќе бидат заменети со три нови двојни клупи долги по четири метри, кои ќе бидат осветлени, а на постаментот пред споменикот во центарот на градот ќе биде поставено лого “Заљуби се во Валандово”. Реализацијата на проектот ќе ја чини општина Валандово околу 290.000 денари.