Ќе се менува котелот на мазут во Институтот за физикална медицина и рехабилитација

294

Од Министерството за финансии информираат дека Институтот за физикална медицина и рехабилитација ќе биде опфатен во проект за енергетска ефикасност со пари од Светска банка. Односно дека ќе се менува котелот на мазут.

Како што информираат од Шанса за Центар, според Министерството за финансии, се планира да се почне со реконструкција на установата во март годинава, а меѓу зафатите ќе биде и менување на котелот на мазут со систем на гас.

– Доколку се спроведе оваа најава, ќе се елиминира еден од поголемите загадувачи на воздухот во Центар, кој се наоѓа во густо населена зона во Капиштец и веднаш до основното училиште „Киро Глигоров“ – потенцираат од Шанса за Центар.

Инаку, Собранието повторно и на последната буџетска расправа разочарувачки ги одби амандманите на О2 иницијатива со кои се бараа пари за промена на начинот на греење на оваа и на уште неколку здравствени установи кои имаат стари котли за загревање, кои работат на токсичeн мазут и енормно го загадуваат воздухот.