Ќе се доделуваат награди за наградени ученици во основно и средно образование

22

Општина Битола ќе доделува награди за наградени ученици во основното и средно образование. За таа цел е распишан јавен повик. Предмет на јавниот повик е прибирање на пријави за доделување на еднократна финансиска награда за ученици од основните и средните училишта во општина Битола, во учебната 2023/2024 година.

Наградите ќе бидат поддржани со средства од Буџетот на Општина Битола за 2024 година согласно со Програмата за образование на Општина Битола за 2024 година.

Наградите на избраните наградени ученици ќе бидат доделени во рамките на празнувањето на патронот на Општина Битола, денот на Свети Нектариј Битолски.