Ќе се гради уште 331 нов стан, во Скопје само 38

62

Вкупно 292 одобренија за градење издале општините во декември лани, Ова е за 13,6 проценти повеќе во однос на истиот месец во 2017 година, соопшти Државниот завод за статистика.

Од објектите што ќе се градат 331 се станови, чија вкупна корисна површина изнесува 37.669 квадратни метри. Најмногу од нив, речиси половината, ќе се изградат во Југозападниот регион, додека во Скопје само 38.

Инаку, од вкупниот број издадени одобренија за градење, 172 (58,9 %) се наменети за објекти од високоградба, 42 (14,4 %) за објекти од нискоградба и 78 (26,7 %) за објекти за реконструкција.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 8 519 871 илјада денари, што е за 392,4 % повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупно 292 објекти, на 185 (63,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 107 (36,6 %) објект инвеститори се деловни субјекти.