До април 2025 година ќе почнат градежните работи на третата фаза од изградбата на Старата скопска чаршија, најави првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
За третата фаза од плоштадот „Скендербег“ има одлука да се изгради подземен паркинг за 400 возила, кој ќе го реши главниот проблем за Старата скопска чаршија. Со тоа ќе се заокружи проектот плоштад „Скендербег“, а чаршијата ќе биде попристапна за граѓаните и туристите.
-Тука има 700 дуќани и се важен економски капацитет за државата и економијата – изјави вицепремиерот Изет Меџити.
Инвестицијата на проектот е околу 20 милиони евра.
Меџити нагласи дека работат на решавање на проблемот со паркинг-места во Старата скопска чаршија.
-Владата донесе одлука да го реши главниот проблем на Старата скопска чаршија, а тоа е паркирањето. Воедно, работиме во две насоки – прво да се ослободи паркингот до хотел „Буши“, каде има паркинг за 100 коли и кој 30 години не функционира бидејќи е претворен во магацин. Работиме тој да се ослободи и да има нови 100 паркинг места – рече Меџити.
(А.П.)