Ќе се гради библиотека зад здравствениот дом Бит Пазар

293

НГрадот Скопје планира изградба на нова библиотека на територијата на општина Чаир, а локацијата ќе биде зад поликлиниката Бит пазар.

Како што информираат градските власти, во овој нов објект ќе биде сместена централната библиотека „Цветан Димов“ (која сега се наоѓа во просториите на општина Карпош), а матична библиотека ќе биде Градската библиотека „Браќа Миладиновци“.

Веќе е избрана фирмата која ќе го изработи проектот. Тоа е трговското друштво за проектирање инженеринг и консалтинг „Прима инженеринг“ од Скопје со кое Градот склучи договор вреден 781.496,30 денари, со вклучен ДДВ, кој е во времетраење од два месеци.

Како што велат од Градот, во текот на оваа година се планира комплетирање на проектната документација, додека изградбата би почнала во текот на следната година.

(А.П.)