Ќе пукате од енергија, додека освежени загризувате во предизвиците на денот: Летен сендвич со туна

487

Сендвич кој брзо се подготвува и ќе ве наполни со енергија.

Потребни состојки:

  • 1 конзерва туна во сопствениот сок, добро исцедена
  • 1 авокадо исечкано на кришки
  • 4 парчиња интегрален леб
  • 1/2 црвен кромид, тенко исечен
  • свеж магдонос или коријандер, ситно исечкан
  • сок од 1 лимон
  • сол и црн пипер, по вкус
  • маслиново масло

Подготовка

Во сад изгмечете ја туната со вилушка. Додадете сечкан црвен кромид, сечкан магдонос или коријандер, сок од лимон, малку маслиново масло, сол и бибер по вкус.

Добро измешајте.

На кришките интегрален леб намачкајте ги исечканите парчиња авокадо, а потоа врз авокадото премачкајте ја подготвената смеса од туна.

Покријте ги сендвичите со преостанатите кришки леб. По желба можете да додадете дополнителен зачин или да посипете со свежи билки, пишува City Magazin.

Сендвичите послужете ги веднаш или ставете ги во фрижидер пред послужување.