Ќе порасне ли сивата економија? Новиот закон ги испразни пазарите

65

Новиот Закон за пазари кој почнува да прави хаос на пазарите ширум државата. Пензинери, хонорарци и вработени лица повеќе не смеат да продаваат на пазарите. Дали ќе куртулат пазарџиите од лиценците засега не е познато.

Министерот за економија Крешник Бектеши „ги откачи“ и ги препрати чарето да го бараат кај пратениците кои го предложиле законот.

– Јас одржав состанок со Стопанската комора на Македонија, каде што се договоривме тие да достават конкретни предлози, што до сега не се доставени до Министерството за економија. Ние сме подготвени уште утре кога ќе ги добиеме конкретните предлози да навлеземе да видиме дали може да направиме измени во овој дел, вели Крешник Бектеши, министер за економија.

Пазарџиите не се доволно информирани за начинот на работа според новите правила, иако законот веќе се применува. Велат дека сè уште нема инспекции на пазарите, но се забележува дека се откажуваат тезги.

Негодување за овој закон неодамна побараа и од Стопанската комора од каде посочуваат на раст на сиваната економија и преполовување на прометот. Групацијата на пазари бара овој закон да се пролонгира бидејќи е на штета на пазарџиите кој согласно истиот треба да плаќаат годишна лиценца од 60 евра за тезга, а за дополнителна тезга плус 40 евра.