Барбара Поповиќ уште од сега се подготвува да пее на надалеку познатиот и славниот забавно-музички фестивал “Сан Ремо“. Но, тоа треба да се случи во 2025 година! Фестивалот е предизвик за секој пејач без оглед на тоа од која држава доаѓа. Дури е и со поголемо значење и традиција од самата “Песна на Евровизија“. Се одржува секоја година во февруари во италијанското монденско и супер-туристичко мало Медитеранско место Сан Ремо. Со пеењето на фестивалот на италијанската канцона низ светот се прославија и многу италијанските пејачи, а и пејачи од поранешната Југославија. Тоа ќе биде и првпат на “Сан Ремо“ да настапи една Македонка, по обидот, кога требаше на таа значајна фестивалска сцена да пее анѓелот од Македонија, Тоше Проески.
Таа и пее и изгледа неверојатно. Две работи максимално споени во едно. Нешто што едно без друго не оди, кога е во прашање успехот на музичката сцена. А, таа е, да не ве држиме во неизвесност, мегаталентираната 23-годишна Барбара Поповиќ од Скопје. Во овој момент е многу актуелна на нашата естрада, на нашата музичка сцена. Има охридско потекло, а неодамна одушеви со настапот на познатото балканско „IDJ Show“ (,,ИДЈ шоу”) кое се одржа во Белград, Србија. Барбара блесна за повеќе од чиста десетка пеејќи ја македонската безвременска народна песна “Зајди, зајди јасно сонце“. Жирито кое ги оценуваше сите учесници, а со тоа и Барбара од Македонија, имаше за неа само најдобри критики. Во жирито беа: Наташа Беквалац, Реља Поповиќ и Дарко Димитров.
– Навистина сакам да ти честитам од сѐ срце. Изгледаше феноменално и прекрасно пееше. Моја среќа е што не плачам на оваа песна, бидејќи не би преживеал две плачења вечерва, ѝ рекол Реља Поповиќ на Барбара.
– Беше сензационална вечерва, изгледаш толку достоинствено и звучеше спектакуларно. Ми се чини дека токму оваа песна е песната во која го покажа сиот свој талент, вака на Барбара ѝ се обрати Беквалац со своите впечатоци.
И најпосле својoт коментар за својата земјакиња, го даде Македонецот Дарко Димитров.
-Барбара, ти со својот настап ме направи да бидам горд што сум Македонец. Ти си еден од ангелите кои ја претставуваат Македонија. Ти благодарам! Песната “Зајди, зајди“ е македонската химна и мило ми е што ти Барбара вака ја претстави.
Инаку, за оние кои не знат, еве и повеќе информации за Барбара. Таа е дипломиран оперски пејач, има завршено и основно и средно музичко училиште каде напоредно со клавирот изучувала и соло пеење. Добитник е на многу награди од натпревари како во Македонија, така и надвор од неа. Музичката кариера ја започнува како малечка на 6 години со учество на детскиот фестивал “Супер-ѕвезда“ кога ја отпеа песната „Бонџорно“ а, која само за неа ја напиша поп-дивата Калиопи. Веќе во 2013 година Барабара ја претставува Македонија на детскиот Избор за Песна на Евровизија одржан во Киев, Украина со песната „Охрид и музика“. По куса пауза, се враќа на сцената сега како малку повозрасна, пеејќи ја на “Макфест 2018“ песната „Не си ти крив”.
Барбара на сите ни остана во мошне убаво сеќавање и тогаш кога на стадионот во Скопје пред натпреварот во фудбал помеѓу Македонија и Италија, одлично ги испеа и двете химни: на Република Македонија и на Република Италија. Со оглед на тоа дека таа има македонско-италијанско потекло,тоа воопшто не и беше проблем. Татко и е од Италија, а нејзината мајка Наташа е Охриѓанка.
–
Па, од тука, логично дека следуваат и наредните чекори на таленираната Барбара. Таа уште од сега се подготвува да пее на надалеку познатиот и славниот забавно-музички фестивал “Сан Ремо“. Но, тоа треба да се случи во 2025 година! Фестивалот е предизвик за секој пејач без оглед на тоа од која држава доаѓа. Дури е и со поголемо значење, влијание и традиција од самата “Песна на Евровизија“. Се одржува секоја година во февруари во италијанското монденско и супер-туристичко мало Медитеранско место Сан Ремо. Со пеењето на фестивалот на италијанската канцона низ светот се прославија и многу италијанските пејачи, како што се, пред се: Милва, Клаудио Вила, Џиљола Чинквети, Ал Бано, Серѓо Ендриго, Тото Кутуњо, Масимо Раниери, Ромина Пауер, Доменико Модуњо, Рафаела Кара, Ѓани Моранди, Ана Окса….
Организаторите на “Сан Ремо“ кои веќе го имаат слушнато пеењето на Барбара, порачуваат дека многу се радуваат што на тој список на пејачки ѕвезди ќе се најде и името на Македонката Барбара Поповиќ. Впрочем, на фестивалот на италијанската канцона можат да пеат само оние кои одлично знаат да пеат во живо, кои добро изгледат и кои со песната ќе остават длабока трага во европската (и светската) музика. А, сетоа тоа, без дилема, го поседува нашата Македонка Барбара Поповиќ! Дуле Миќиќ фото:архива