Ќе има новогодишна прослава на скопскиот плоштад

865

Сепак ќе има организирана прослава на градскиот плоштад во Скопје.

Забавата за најлудата ноќ ќе ја организира компанијата „Спектаклум”  која победи на конкурост што во последен момент го распиша Град Скопје.

Газдата на „Спектаклум“, Горан Ампов – Јапан ексклузивно за весникот ВЕЧЕР изјави дека подготвуваат спектакуларна забава за која ќе се погрижат незаменливите ,,Sarah Mace & The Girlzz”, магичната ,,Љубојна”, незаменливата ,,Ареа” и неповторливите ,,Нокаут”, која ќе започне во 19.30 часот.  

-Град Скопје иако задоцнето распиша конкурс на кој се пријавивме ние и ја добивме можноста да ја организираме новогодишната забава на плоштад „Македонија“. Поставувањето на бината, техничката опрема и плажањето на изведувачите и сето она што е потребно за магично да се доживее најлудата ноќ е обврска на „Спектаклум“ – изјави Ампов.

Тој нагласи дека неговата компанија е и организатор на новогодишната прослава во расадник -Кисела Вода, а исто така го организира и вевчан скиот карневал.

(А.П.)