Еден дел од италијанските медиуми ја пласираа и информацијата дека раководните лица на најтрофејниот клуб во Серија А, Јувентус, планираат да продадат неколку фудбалери за време на зимскиот преоден рок. Прв на тој списокот е младиот играч за врска, Николо Фаџоли, кој е проценет на околу 20 мил. евра, а кам-бек во англиската Премиер лига се најавува за бразилскиот интернационалец Даглас Луиз кој ова лето пристигна во Торино за 50 мил. евра.