Ќе има ли зголемување на ДДВ од 18 на 19,5 отсто?

91

На втората по ред седница на Економско-социјалниот совет, бизнис заедницата предложила данокот на додадена вредност (ДДВ) да се зголеми од 18 на 19,5 отсто. Премиерот Христијан Мицкоски ова го соопшти вчера, нагласувајќи дека ќе се направи анализа на предлогот пред да се донесе конечна одлука.

„Бизнис заедницата предложи да се зголеми ДДВ на 19,5 проценти. Треба да ги разгледаме сите аргументи, да направиме анализа и да видиме што добиваме, а што губиме пред да донесеме одлука“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека ова барање е дел од повеќе барања од засегнатите страни што Владата не ги прифатила, вклучително и предложеното зголемување на старосната граница за пензионирање како мерка за надминување на буџетската дупка во Фондот за пензиско осигурување. Премиерот потврди дека состојбата во Фондот е стабилна и дека дупката ќе биде покриена од централниот буџет додека вториот пензиски столб не почне да придонесува за исплатата на пензиите.

ИЗДВОЕНИ