Ќе дадеме сè од себе да ја победиме Италија

24

Повратникот во македонската фудбалска репрезентација Давид Бабунски (28) со оптимизам гледа на полуфиналниот мундијалски бараж на гостински терен против Италија, најавувајќи максимален ангажман од сите за победа над актуелниот европски шампион.

  • Свесни сме за предизвикот кој ни следува, но оваа репрезентација покажа дека може да се надигрува со најголемите селекции. Подготвени сме за ваков предизвик. Ќе играме со срце и со желба да дадеме сè од себе за да победиме, изјави Бабунски, кој по пауза од пет години повторно е во националниот тим, а за првпат заедно со својот помлад брат Доријан.
  • Среќен сум што повторно сум дел од најдобрата македонска репрезентација. Ја имам истата желба и гордост како и првиот пат кога настапив за Македонија, додаде Бабунски.