Германскиот тенисер Александар Зверев и на Завршниот Мастерс во Торино не се откажува од праксата да одработи дополнителен тренинг по мечот, колку и да е напорно. Секако, и по воведната победа овде од 6:4 6:4 над Русинот Андреј Рубљев, лесно ги оправдува причините за тоа:

„Немаме многу време да тренираме на централниот терен, па едноставно сакав да погодам уште неколку топки.  Денеска со Андреј одигравме натпревар полн со брзи и кратки размени, па сакав можност да влезам во ритам малку“, вели Германецот.

На прашањето дали неговите успеси во Германија се ценат на ист начин како што е случајот со „Синерманија“ во Италија – Зверев одговара:

„Можеби не е толку изразено како во Италија, но мислам дека моите успеси се ценети во мојата татковина. Јаник е број 1, најдобар тенисер во светот, победник на два грен слема оваа година и секако дека го заслужува тоа внимание.

За чудо во споредба со лани, подлогата во Пала Алпитуро годинава изгледа многу побавна – барем за Зверев, кој дава своја оценка за површината и коментира за неизбежната тема топки…

„Површината е премногу бавна за тенис во затворен простор на бетон, иако тоа не ми прави премногу разлика. Она што ни недостасува во тенисот е разновидноста на стилови, бидејќи брзината на земјените терени и бетонските терени станаа многу поблиски. како и брзината на терените за бетон на отворено и затворено. разликите во брзината на површината беа многу изразени, а влијанието ми недостига тој стил на игра во денешниот тенис“, истакнува Зверев.

Запрашан да коментира за тоа што неговиот познат сонародник Бекер му го врачи трофејот за играч на сезоната на Синер – Германецот вели:

„Сосема заслужено, иако немав време да се уверам додека се подготвував за натпреварот. Кој ќе биде освојувач на тој трофеј ќе видиме следната година“, одговара Зверев со мистериозен тон.

ИЗДВОЕНИ