Ќерката на Маја и Дарко Панчеви стана дел од модна агенција во Милано

3942

На повидок убава кариера на Марија Панчева ! Нашата добро позната омилена брачна двојка, пејачката Маја и фудбалерот Дарко Панчеви, има многу убава ќерка – Марија. Токму Марија е наша идна успешна манекенка. Наследничката на Панчеви уште од 2019 година позира како модел, красејќи ги страниците на нашите магазини.

Целата е нежно градена како мама, но и умна на тато. Така велат оние што ја познаваат, а и новинарите. Како и да е, Марија има вито тело, тенка половина, долги нозе, крупни очи, убави црти на лицето. Тамам за една идна славна манекенка. Манекенството ѝ е голема љубов и мама и тато максимално ја поддржуваат во тоа. Сè е подготвено да се пишува за Марија како за горда Македонка што ќе носи креации на интернационалните модни магнати: „Гучи“, „Валентино“, „Долче и Габана“…

Има причина што Маја постојано пишува, преку социјалните мрежи, за модните ангажмани на ќерка си, но сега грижливата мајка Маја има уште порадосни вести. Ексклузивни! Марија станала дел од модна агенција од Милано, која има претставништво во Скопје. Влезена е во кругот и букингот за модели, каде што ќе ја ангажираат престижните светски и италијански модни брендови за своите ексклузивни ревии.    Д.М.