Лурдес Леон, 26-годишната ќерка на Мадона, неодамна во разговорот за Interview зборуваше за односот со нејзината мајка, нарекувајќи ја „контрол фрик“. Првородената ќерка на Мадона откри дека понекогаш се чувствува задушена од постојаната потреба на нејзината мајка за контрола.
„Мајка ми е таков „контрол фрик“ и цел живот ме контролираше. Морав целосно да се одвојам од неа веднаш штом завршив средно училиште“, откри Лурдес.
Лурдес барала финансиска независност на млада возраст и наводно сама си ја плаќала школарината за колеџ, а подоцна изнајмила стан во Бруклин. И покрај тоа што чувствува потреба да биде независна, таа рече дека ја цени напорната работа и посветеноста на нејзината мајка.
„Таа е веројатно најтешката личност што сум ја запознала“, додаде таа.
Во 2017 година, во интервју за магазинот People, Мадона зборуваше за предизвиците со кои се соочува додека нејзините деца растат.
„Ја имав оваа смешна идеја дека децата учат да се грижат за себе кога ќе пораснат и тоа станува полесно. Но, всушност колку што стареат, толку станува попредизвикувачки, бидејќи сега тие стануваат возрасни и навистина им требаат насоки“ – вели Мадона.
Мадона, исто така, ја сподели нејзината јасна родителска филозофија, изјавувајќи: „Јас сум главна! Јас сум шефот!“
Славната пејачка откри и дека таа ја презема улогата на „лошиот полицаец“ и дека таа е таа што им вели „не“ на децата.
„Ја прифаќам таа улога. Не сум популарен родител“ – вели Мадона.