Њујоршката полиција објави нови слики од немаскираниот осомничен што го бара за вчерашното убиство на Брајан Томпсон, извршен директор на најголемиот американски здравствен осигурител UnitedHealthcare.
На една од сликите, осомничениот е снимен во хостел на Апер Вест Сајд на Њујорк. Полицијата претходно го пребарала хостелот бидејќи се сомнева дека осомничениот престојувал таму.
За време на истрагата за убиство и големата потера, полицијата откри неколку употребливи слики на осомничениот без маска, иако тој носел маска поголемиот дел од времето додека престојувал во хостелот на улицата 103 и Амстердамската авенија.
Според информациите од полицијата, осомничениот престојувал во соба со уште двајца мажи.
Полицијата ја продолжува истрагата и верува дека убиството било планирано и целно.
Исто така, на куршумот и чаурата се пронајдени траги кои ги вклучуваат зборовите „одложување“ и „депонирање“, а инспекторите ја разгледуваат можноста тие зборови да се однесуваат на добро позната фраза во осигурителната индустрија: „одложи, одбиј, брани).