Њујорк е најлошиот, но и најбогатиот тим во НБА лигата

41

Според најновата листа на Форбс, кошаркарскиот клуб на Њујорк со четири милијарди е најбогатиот тим во НБА лигата. Вредноста на „никси“ пораснала за единаесет отсто во однос на минатата година пред се поради реновирањето на „Медисон Сквер Гарден“ за кога беа портошени една милијарда долари, но исто така произведе низа нови приходи. Овој тим во последните четири години вообичаено е на врвот на листата.

Но, и покрај тоа што има најголема вредност, тимот од Големото јаболко има најлош скор во НБА лигата во однос на сите 30 екипи. На последните 14 меча оваа екипа не знае за победа. Оваа сезона „никси“ имаат само десет победи и 43 порази, што е досегашен рекорд за некоја од франшизите.

Според листата на Форбс, на второто место остана тимот на Лос Анџелес Лејкерс со 3.7 милијарди долари, што значи дека има пораст од 12 отсто. Зад нив е актуелниот шампион Голден стејт со 3.5 милијарди, додека четврти е Чикаго со 2.9 и петти Бостон со 2.8 милијрди долари.

Просечната вредност на НБА клубовите изнесува 1.9 милијарди долари, што е пораст од 13 отсто во однос на минатата година.

Резултати: Бруклин – Денвер 135:130, Чикаго – Њу Орлеанс 120:125, Милвоки – Вашингтон 148:129, Далас – Шарлот 99:93, Јута – Феникс 116:88, Сакраменто – Хјустон 101:127, Голден стејт – Сан Антонио 141:102.