Британските медиуми се убедени дека англискиот премиерлигаш Њукасл моментално важи за прв фаворит кога е во прашање потписот на бразилскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Рапфиња. Крилниот напаѓач нема статус на недопирлив и излезната врата од „Ноу Камп“ ќе му биде покажана доколку понудата за обештетувањето не биде помала од 60 мил. евра.