„Ју-ту“ донира 10 милиони долари за борба против коронавирусот

38

Ирскиот поп-рок бенд „Ју-ту“ дари 10 милиони долари за борба против коронавирусот во својата земја. Парите ќе бидат искористени за поддршка на здравствените работници и купување заштитна опрема.

Дел од опремата финансирана од бендот веќе пристигна на аеродромот во Даблин, објави ирската телевизија РТЕ.

Ирскиот премиер Лео Варадкар им се заблагодари на рокерите. – „Иако владата нарача количина опрема што во нормално време би била доволна за 13 години, секоја помош од приватниот сектор и јавноста е добредојдена“, напиша тој на Твитер.

„Ју-ту“ со години се дел од многу национални, но и светски општественополитички проекти.
Во Ирска досега околу 6.000 луѓе се заразени со коронавирус, а 235-мина
починале.