Јункер: Историјата ќе покаже дека Меркел беше во право со бегалците

88

Историјата ќе покаже дека во 2015 година, германската канцеларка Ангела Меркел донесе правилна одлука за бегалците, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер во интервју за германскиот „Билд”.

-Ако таа ја затвореше германската граница, Австрија и Унгарија немаше да ја издржат тежината на бегалците. Тоа е вистината, смета Јункер.

-Меркел ниту ја водела ниту ја разединила ЕУ, истакна претседателот на Европската комисија, додавајќи дека тоа не е во моќ на еден човек.

-Во Европа секогаш ви требаат сигурни сојузници и многу пријатели ако сакате да постигнете нешто, нагласи тој.