Јунајтед започна преговори со тројца нови фудбалери

1504
Manchester United's Dutch manager Erik ten Hag attends a press conference on the eve of their UEFA Europa League play-offs football match against FC Barcelona, at the Camp Nou stadium in Barcelona, on February 15, 2023. (Photo by Josep LAGO / AFP)

Манчестер Јунајтед е еден од клубовите кои одлично си ја вршат работата ова лето и новата сезона ќе ја започне со многу поразличен состав во однос на минатата.

Како што пренесуваат странските медиуми, раководството на „црвените ѓаволи“ започнало преговори со тројца нови фудбалери и сака што поскоро да ги ангажира.

Претходно, Јунајтед ги осигура услугите на холандскиот интернационалец Џошуа Зиркзе кој пристигна од редовите на Џенова, а потоа и Лени Жоро кој беше купен од Лил.

Британските медиуми објавија дека Јунајтед испратил нова понуда за дефанзивецот на Баерн (М), Матијс де Лихт, но повторно добил негативен одговор.

„Баерн (М) за овој фудбалер бара 50 мил. евра плус бонуси. Во Баерн знаат дека мора да го продадат ако сакаат да ангажираат нови фудбалери. Преговорите продолжуваат“, тврди Кристијан Фалк, новинар на „SPORTBILD“.

Други медиуми пак шпекулураат дека Јунајтед влегол во борба за потписот на уште тројца фудбалери и тоа Нусаир Мазрауи, Јусоф Фофана и Вандерсон.

„Манчестер Јунајтед и Вест Хем започнаа борба за потписот на Нусаир Мазрауи. Двата клуба имаа конкретни разговори со агентите на овој фудбалер. Самиот фудбалер сака да игра во Премиершип. Баерн за него бара околу 20 до 25 мил. евра, но веројатно ќе го пуштат за нешто помала цифра. Тој има договор до 2026 година“, тврди Флоријан Плетенберг.

Француските новинари тврдат дека Монако одредил цена од 35 мил. евра за нивниот играч од средниот ред Фофана, кој веќе ги договори личните услови со калчо гигантот Милан.

Покрај гореспоменатите играчи, Јунајтед веќе неколку дена преговара и со Адриен Рабиот, Мануел Угарте и Џаред Брантвајт.