Јунајтед доби неморална понуда за Касемиро

1940
epa10492931 Manchester United celebrate after winning the Carabao Cup final soccer match between Manchester United and Newcastle United, in London, Britain, 26 February 2023. EPA-EFE/NEIL HALL

Бразилскиот интернационалец Касемиро по две години најверојатно ќе ги напушти редовите на англискиот премиерлигаш Манчестер Јунајтед. Играчот за врска е меѓу фудбалерите кои се на трансфер листата, но на „Олд Трафорд“ воопшто не се надеваа дека ќе ги вратат вложените пари.

Сепак, сумата што би можеле да ја добијат за неговото обештетување е навистина импресивна. Саудискиот Ал Наср е подготвен да одвои меѓу 90 и 100 милиони евра за потписот на 32-годишниот играч од средниот ред. Тоа е понуда која Јунајтед едноставно не може да ја одбие.

Пред две години Касемиро беше купен од Реал (М) за 70 милиони евра. Никој немаше поим дека може релативно брзо да биде продаден за уште поголема сума, особено поради фактот што не се покажа премногу на „Театарот на соништата“.

Нема сомнеж дека Јунајтед со раширени раце ќе ја прифати понудата од Саудиска Арабија.

Искусниот Бразилец не се прослави во претходните две сезони на „Олд Трафорд“. Навистина, имаше натпревари на кои играше феноменално, но како и поголемиот дел од тимот имаше повеќе сиви и мрачни денови.

Севкупно, Касемиро го носеше дресот на „црвените ѓаволи“ на 83 натпревари на кои постигнато 12 гола и запиша девет асистенции.