ЈСП остана без гориво, само 25 автобуси сообраќаат низ Скопје

91

Поради недостик на гориво од попладнево само 25 автобуси кои возат на гас сообраќаат низ Скопје.

Гужви и нервози пред автобуските постројки.

Доцнењето на работа и на училиште стана секојдневие на скопјани.

Од независниот синдикат на возачите на ЈСП Скопје, изјавија дека ситуацијата станува алармантна, но одговорот за проблемот велат е едноставен – нема нафта. Ако доставатата на гориво не продолжи, од утре можно е да нема ниту еден автобус на скопските улици.

Изјава Африм Муча претседател на Независниот синдикат на возачите во ЈСП.

Приватните превозници пак кои не возат поради недодмирениот долг кон нив, преку соопштение, од надлежните побараа состанок за решение на проблемот.

„Сведоци сме на состојбата со јавниот градски превоз во градот Скопје која се влошува од ден на ден. Повторно упатуваме јавен апел до надлежните веднаш да се направи проширен состанок со цел решавање на проблемот со јавниот градски превоз. Приватните превозници располагаат со 200 автобуса кои не се максимално искористени и со кои можеме да го надополниме недостигот на автобуси на ЈСП“, стои во соопштението.

Од град Скопје прстот го вперија во премирот Мицкоски кој како што посочија креира кризи во јавните претпријатија во Скопје

Одлука за решение за недостигот на автобуси, веќе 24 пат по ред не ја носат послушниците на Мицкоски во Советот на Град Скопје на чело со Трајко Славевски, велат од Град Скопје.

„Нова криза со која го остава ЈСП без нафта, а скопјани без јавен превоз како смислено сценарио за урнисување на претпријатието. Кадарот на шефот на ВМРО ДПМНЕ во Бирото за јавни набавки Маре Богева, креира криза во ЈСП за гориво, со тоа што за прв пат од постоењето на претпријатието ја поништи редовната јавна набавка за гориво во ЈСП како смислено сценарио.

Советникот на град Скопје Страшо Ангеловски, вели дека како советници се обидуваат да го решат проблемот со превозот. Но, ЈСП Скопје како што посочи е буре без дно, а градската власт веќе се покажа како неспособна за било какво решение.

Изјава Страшо Анлеловски советник на МААК конзервативна град Скопје

Во петок пред зградата на град Скопје, револтот за влошената состојба ќе го изразат жителите на Шуто Оризари заедно со првиот човек на општината Курто Дудуш.

Тој ги повика сите жители на скопските општини – да се приклучат на протестот.

ИЗДВОЕНИ