ЈП „Градски паркинг“ бележи 20 години од основањето

104

На 13 ноември 2023 година се бележат 20 години од постоењето на јавното претпријатие „Градски паркинг“. Целиот изминат период, започнувајќи од денот на основањето, претпријатието работи посветено и во служба на граѓаните. За симболиката на овој ден да биде уште поголема, на истиот ден- 13 „Ноември“, се одбележуваат 79 години од ослободувањето на Скопје.

За таа цел, ЈП „Градски паркинг“ организира крводарителска акција која ќе се одвива на истиот ден, со почеток во 8:30 часот. Крводарителската акција ќе се одвива во деловните простории во катна гаража „Беко“ на улца „Даме Груев“, на приземје, поточно на влез кај рампата за симнување во катна гаража „Беко“.

Пораката на оваа крводарителска акција во чест на годишнината на ЈП „Градски паркинг“ и празникот на Градот Скопје е јасна: Да бидеме борбени, силни и успешни, притоа незаборавајќи на човечноста и хуманоста која треба да се споделува меѓу нас.