Јосипа Лисац со онлајн концерти “Дневник једне љубави“ за љубениот Карло Метикош

178

Славната пејачка во спомен на својот починат сопруг!

Љубовната приказна на популарната пејачка Јосипа Лисац и музичарот Карло Метикош е една од најчесто раскажуваните приказни на познатите личности од овие простори. Тие се запознаа на 6 февруари 1971 година во градот Петриња на еден настап и се вљубиле на прв поглед, но за жал љубовта беше прекината поради смртта на Карло.

Пејачката и после 30 години по смртта на Карло, секој концерт го посветува на својата прва и последна љубов. А, таа голема љубов е овековечена со нивниот албум „Дневник једне љубави“ на кој има куп песни кои станаа евергрини, покрај насловната, секако и “Лежај од суза“. Јосипа оваа година ја одбележува 30-годишнина од смртта на Карло и тоа со редица концерти. Сепак, поради коронавирусот тие концерти нема да бидат во живо, туку само онлајн. Пејачката е и поради тоа задоволна, не очајува, не тагува по концерти во живо, вели дека така мора да биде за да си го сочуваме здравјето.

-Сигурна сум дека и вака ќе биде посебно и убаво. Носталгично. Имам многу идеи што им се допаднаа на моите колеги. Ќе ги реализираме до 10 декември на самата годишнина од смртта на мојот Карло, вели пејачката која не само по пеењето туку и по облекувањето е премногу специфична.  Д.М.