EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ забележа нов трипл-дабл во победата на неговиот тим Денвер против Јута со 110:102, а за 35 минути минати на терен постигна 27 поени, 11 асистенции и 10 скока. Тоа е негов 107 трипл-дабл учинок во кариерата и трет сезонава.

Во оваа категорија кошаркарот од Сомбор на вечната листа се израмни со Леброн Џејмс и Џејсон Кид. Пред Јокиќ се само Меџик Џонсон (138), Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (198).

Покрај тоа, Јокиќ беше прогласен за најдобар играч на неделата во Западната конференција, бидејќи членот на актуелниот НБА шампион во три меча има три победи со просек од 26,3 поени, 13 скока и 7,7 асистенции по натпревар.