Најголем пропуст за настаните во Собранието е тоа што веднаш не е извршен увид од јавен обвинител, кога веројатноста да се обезбедат трагите и доказите беше поголема. За време на претходниот јавен обвинител не беше буквално ништо превземено,вели Јовески
За државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. најголем пропуст за настанот од 27 април во Собранието е тоа што веднаш не е извршен увид од јавен обвинител, кога веројатноста да се обезбедат трагите и доказите била поголема.
Според Јовевски претходниот јавен обвинител буквално не превзел ништо во врска со увидот во Собранието.
-Уште при поднесувањето на обвинението истакнав дека со тоа предметот не е затворен и дека преземаме дејстија за целосно разјаснување на кривично правниот настан и кривична одговорност на сторителите. Во овој момент Обвинителството располага со докази за проширување на истрагата за организатори на настанот од 27 април. Наскоро, Обвинителството ќе покрене истрага и за нив. Голем проблем и одолговлекување на постапката направи непрофесионалното постапување од Обвинителството веднаш по настанот. Најголем пропуст е тоа што веднаш не е извршен увид од јавен обвинител, кога веројатноста да се обезбедат трагите и доказите беше поголема. За време на претходниот јавен обвинител не беше буквално ништо превземено,вели Јовески за МИА.
Што се однесува пак за работата на Специјалното јавно обвинителство Јовески вели дека суштествено е да се одлучи кој ќе го врши надзорот над нивната работа..
– Со Стратегијата за реформи на правосудниот систем на Владата на РМ, предвидено е СЈО да стане дел од обвинителскиот систем. И јас се залагам да има единствен закон во кој ќе се инкорпорира и работата на СЈО како посебно обвинителство во мрежата на Јавни обвинителства. Работната група која работеше на подготовка на Законот изготви ваква верзија, истакнува Јовески.
Според него, мора да се вреднува и да се земе предвид дека Специјалното јавно обвинителство, постави нови стандарди и нова перцепција за обвинителството, пред се во истражувањето на предметите и изборувањето за целосна финансиска независност.
-СЈО наметна и поинаков начин на работење, како што е транспарентноста во работењето и покрај тоа што со одредени постапки не се согласувам. Моја заложба е СЈО во делот на кривичните дела за кое е основано да ја задржи досегашната самостојност за тие кривични дела, а со оглед дека му се додава нова надлежност за кривични дела од областа на корупцијата од избрани и именувани лица и потешки кривични дела, за таа надлежност да важат општите правила како и за другите обвинителства.
Се разбира дека за определени постапки треба да се определи негова самостојност, но особено сметам дека е суштествено да се одлучи кој ќе го врши надзорот над работата на ова обвинителство, појаснува меѓудругото јавниот обвинител на РМ, Љубомир Јовески.
Јовески е задоволен што на политичарите и моќниците им станало јасно дека одлуките нема да се носат во нечии кабинети, туки нив ги носат обвинителите кои имаат целосна поддршка одлуките да ги носат во рамките на нивната надлежност, без мешање од страна
Има напредок и во борбата со криминалот, се отвораат истраги и обвинителите сериозно работат сторителите на кривични дела да бидат казнети. Внимателно се следат случувањата, и сега, за разлика од порано, се постапува и по сопствена иницијатива. Еве на пример, по сопствена иницијатива, врз основа на написите во медиумите поведовме постапка за додатоците на платите на членовите на Судскиот совет.
Владеењето на правото е императив за сите, а тие без законска основа, донеле одлука за исплата на додатоци на плата од 35 отсто. Овој случај мора да се реши, бидејќи со вакви одлуки се доведува во прашање довербата и кредибилитетот на судството. Не можам да кажам дека некаде сме потфрлиле, иако секогаш може подобро и на тоа ќе работиме.-објаснува обвинителот.