ЈКП „Камена Река” ќе ги наградува редовните плаќачи на комунални услуги

51

Јавното комунално претпријатие „Камена Река” од Македонска Каменица и годинава преку наградна игра ќе ги стимулира своите корисници редовно да ја плаќаат комуналната такса. Право на учество во наградната игра имаат сите корисници кои ќе ја намират комуналната такса за декември 2019 година, најдоцна до 15 февруари.

– Доделувањето на наградите ќе се изврши на 21 февруари во кругот на ЈП „Камена Река”. Секој корисник ќе биде регистриран со шифри, кои се исти со шифрите кои ги има секој корисник на својата комунална сметка. За најсреќните корисници, чија шифра ќе биде извлечена, следува добивка – информираа од претпријатието.

Апелираат сите заинтересирани за наградната игра да ги платат сметки за декември до горенаведениот датум, а воедно и да го проследат извлекувањето во кругот на претпријатието. Меѓу наградите кои ќе бидат доделени за најсреќните добитници има предвидено електрични апарати за домаќинството и бела техника, како и шестмесечна претплата.