25-годишен маж ја уби својата 29-годишна партнерка во близина на штипскиот парк Суитлак, по што се пријавил во полиција.
Според првичните информации од МВР, околу 20.15 часот во Полициската станица – Штип дошол Ф.З. (25) од Штип и пријавил дека ја убил неговата партнерка Е.П. од Штип. Тој посочил дека телото се наоѓа во објект во Штип.
“Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип изврши увид на лице место каде според првичните информации, во близина на сопствениот дом била лишена од живот една 29-годишна жена”-од обвинителството информираат и дека едно лице е задржано во полициска станица. “При увидот подигнати се траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на околностите, а по наредба на јавен обвинител, врз телото на починатата ќе биде извршена обдукција”- стои во соопштението на ОЈО