По точно 154 меча, 10 години натпреварувања и две олимписки злата, легендарниот француски џудист, Теди Ринер, ја почувствува горчината на поразот. Него во Париз, на свој терен, го совлада Јапонецот Кагуеро Кокоро и стана најголема сензација во овој спорт.

Одличниот 24-годишен Јапонец вакво нешто најави минатата година на турнир во Бразил, но тогаш Французинот славеше по продолжение. Овој пат Кокоро до победничкиот поен дојде на 40 секунди до крајот на мечот.