Ја ограбиле при претрес на скопскиот аеродром – останала без 3.000 евра

100

Во 12,45 часот на Граничниот премин “Меѓународен Аеродром-Скопје“ од Стокхлом-Шведска допатувала 47-годишната A.B.P.E. од Глоговац-Косово, а со место на живеење во Шведска.

По извршената пасошка контрола и проверка и бил дозволен влез во Македонија, но во 13,15 часот од страна на вработен во безбедност на ТАВ, било пријавено дека таа сака да пријави настан на полициските службеници. Од страна на A.В.Р.Е. било пријавено дека додека и била вршена контрола врз нејзиниот багаж од двајца царински службеници и биле земени 3.000 евра.

Со пријавителката извршиле разговор и лица од Секторот за професионална одговорност на Царинската управа.

Се работи на расчистување на случајот.