На последните Олимписки игри посебно внимание привлече брејкденсот. Со денови имаше коментари за него на Олимписките игри во Париз, а натпреварувачите кои настапија привлекоа големо внимание.
Меѓу нив беше и Рејчел Ган, која стана предмет на потсмев на социјалните мрежи по нејзините потези. Тој настап и донесе голема популарност, но и заработка. Потоа Рејчел истакна дека тоа го направила намерно, и дека нејзиниот настап бил уникатен.
Таа дури и лазеше како змија за време на настапот, па скокна и секако не остави претерано добар впечаток. Меѓутоа, сега таа позираше во сосема поинакво издание и на сите им покажа која е навистина.
„Не успеавте да ме понижите. Не успеавте. Јас стојам зад она што го направив“, напиша таа.
Рејчел немаше голем успех на Игрите, но набрзо се случи пресврт и беше прогласена за најдобра брејкденсер на светот и стекна многу симпатии, но и многу пари на нејзината сметка.
Реган, како што популарно ја нарекуваат, позираше во долг син фустан кој ги истакнува облините и ја следи линијата на телото, а со ова модно издание направи вистински „бум“, со оглед на тоа што сите ја паметат по широката гардероба од Олимписките игри.