Индиската борачка Винеш Фогат беше дисквалификувана на само неколку часа пред финалето на Олимписките игри, бидејќи на повторното мерење имаше вишок грамови!

Индијката тежеше 150 грама повеќе, и така остана без финалето, односно без медал.

Во вторникот, Винеш имаше два килограма повеќе и, очајна, остана цела ноќ будна за да ослаби. Таа ја помина ноќта трчајќи и возејќи велосипед.

Сите во олимпискиот тим се молеа и се надеваа дека ќе успее, но, очигледно, не беше доволно тоа. Таа повторно се качи на вагата, која покажа 150 грама повеќе.

Не беа исполнети условите, Фогат беше дисквалификувана од финалето, каде што требаше да се соочи со Сара Хилдебранд, која сега ќе го освои златото.

На крајот, Индијката се онесвести поради дехидратација и беше префрлена во болница во Париз.